ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 гр компири
* 2 главици кромид
* 2 домата
* 100 гр масло
* китка магдонос
* сол, црн пипер по вкус
* 6 лажици мајонез
* 5 лажици кечап
* црвен пипер за попрскување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ги лупиме и ги сечкаме компирите, кромидот и доматите.
Ги ставаме во тава и го додаваме маслото. Мешаме внимателно.
Додаваме сол и црн пипер по вкус. Додаваме речиси 1 чаша вода и ги ставаме во загреана рерна на 200 степени околу 45-50 минути.
Ги вадиме од рерна и ги додаваме кечапот и мајонезот. Попрскуваме со малку црвен пипер, го додаваме ситно исечканиот магдонос и сервираме.