Џон Траволта со целото свое семејство се појави на црвениот килим на фестивалот во Кан за да го промовира новиот филм „Готи“. 65-годишниот актер го придружуваа сопругата Кели Престон, синот Бенџамин и ќерката Ела.
Ова е прво појавување на Бенџамин на црвениот килим воопшто. За него Џон неколкупати рекол дека тој е „лепакот“ што го држи семејството заедно по трагичната загуба на нивниот син Џет, кој почина во 2009 година, на 16-годишна возраст.
Освен појавувањето на црвениот килим, Траволта го привлече вниманието и на забавата по официјалниот дел. Тој го играше неговиот познат танц во стилот на Pulp Fiction на музика на неговиот пријател 50 Cent.