ЕУ ги тужи Германија и уште пет членки од Унијата

Европската комисија ќе ги тужи Германија и уште пет членки на Европската Унија поради кршење на законот за загадување на воздухот.

Комисијата во четвртокот одлучила да ги изведе Германија, Романија, Италија, Велика Британија, Франција и Унгарија пред суд.

Франција, Германија и Британија ќе бидат тужени поради непочитување на ограничувањето на азотен диоксид, а Унгарија, Италија и Романија затоа што не успеале да го намалат нивото на загадување со честички, пренесува „Ројтерс“.

ЕУ воведе ограничување во 2010 година на честичките што го загадуваат воздухот, но голем број членки, особено во големите градови, имаат загаден воздух далеку над дозволеното ниво.

„Комисијата морала да заклучи дека во случајот со шесте држави членки предложените дополнителни мерки не се доволни за усогласување со стандардите“, изјавил европскиот комесар за екологија, Кармен Вела.

Тој додал дека Шпанија, Словачка и Чешка го избегнале судот, така што ветиле воведување мерки што ќе им овозможат исполнување на стандардите на ЕУ за квалитетот на воздухот.

Германскиот град Штутгарт бележи 82 микрограми азотен диоксид на кубен метар, што е двојно повисоко од дозволените 40. Министрите за животна средина имале можност да ги изложат случаите во 2018 година кога ги повикала Европската комисија.

Германската министерка Барбара Хендрикс е една од повиканите министри. Комисијата веќе предупреди десетина членки на ЕУ на почетокот на 2017 година, кои сега се соочуваат со последиците.

Постапките веќе се спроведени против Полска и Бугарија, а на Германија, Шпанија, Франција, Италија, Велика Британија, Чешка, Унгарија, Романија и Словачка им е дадено време да ги објаснат своите случаи. Европската комисија в четврток ќе донесе пресуда за плановите за намалување на загадувањето во земјите.

 

Scroll to Top