Откако светските медиуми ја пренесоа веста дека фудбалската легенда Роналдињо ќе се жени и тоа со две жени одеднаш, тој ги нергира шпекулациите.
„Целиот свет зборува за мене. Нема да се женам, тоа е најголема лага“ изјавил Роналдињо за „Глобо експорте“.
Некои медиуми пишуваа дека двојната венчавка е закажана за август, дека ќе се одржи во Рио и дека негови избранички се Присила Коељо и Беатрис Соуза. Според нив, сестрата на Роналдињо, Дејси, рекла дека нема да присуствува на свадбата бидејќи не се согласувала со полигамијата на својот брат.