Роналдињо демантира дека ќе се венча со две жени

Откако светските медиуми ја пренесоа веста дека фудбалската легенда Роналдињо ќе се жени и тоа со две жени одеднаш, тој ги нергира шпекулациите.

„Целиот свет зборува за мене. Нема да се женам, тоа е најголема лага“ изјавил Роналдињо за „Глобо експорте“.

Некои медиуми пишуваа дека двојната венчавка е закажана за август, дека ќе се одржи во Рио и дека негови избранички се Присила Коељо и Беатрис Соуза. Според нив, сестрата на Роналдињо, Дејси, рекла дека нема да присуствува на свадбата бидејќи не се согласувала со полигамијата на својот брат.

Роналдињо ќе се ожени со две жени

Scroll to Top