Во 1878 година, синот на Јосип Броз Тито, тогашниот 37 годишен комерцијалист од компанијата од Загреб „Ине Комерц“, Александар Мишо Броз, раскажал за своите моменти од детството.
„Знаете како е, спомените од детството се всушност настани за кои се размислува, а јас размислував само по средбите со стариот, кога ќе добиев ќотек од него“, признал низ насмевка синот на Јосип Броз Тито, Александар Мишо Броз.

БРОЗ НЕ Е РЕТКО ПРЕЗИМЕ И ЖИВЕЕМЕ ПОВЛЕЧЕНО
„Зошто сакате да пишувате за спомените на Мишо? Броз не е ретко презиме во Загреб и речиси никој не знае чиј син е мојот сопруг. Живееме мирно и повлечено“, раскажува сопругата на Мишо, Мира, која е докторка и била воена службеничка со чин мајор.
Мишо раскажал за времето кога бил ученик во Десетата гимназија во Белград. Вели дека со армијата немал премногу врска. Ќотек добивал поради храната и англискиот.
„Три пати во животот добив ќотек од Тито. Првиот пат затоа што станав од маса, затоа што повеќе сакав да си играм, отколку да јадам. Вториот пат поради англискиот јазик. Третиот пат, третиот пат не се сеќавам“, со раширени раце одговорил Мишо.
„Веројатно поради школо“, се присетил.
САКАЛ ДА СЕ КАРА И БИЛ БУНТОВЕН
„Тито никогаш не ми се заканувал или да ми се дерел со повисок тон. Откако пораснав, стариот не сакаше да наредува, ниту да ме приморува да направам нешто. Тој само ќе ми ја објаснеше ситуацијата и на крајот ќе ми дадеше совет. Тоа ми беше најлошо. Не можев да се карам и бунам затоа што само Тито ќе ми објаснеше како тој мисли и како е најдобро јас нешто да направам. Морав да размислувам и сакам, не сакам, морам да признаам дека таквите совети секогаш се најдобри. Растев и како и повеќето млади, некои побрзо, некои побавно, сватив дека старите секогаш се во право и треба да ги послушаме.
ОД РАЃАЊЕ ВО ПАРТИЗАНИТЕ
Миша се родил во 1941 година. Го криеле во Загреб, а подоцна е префрлен во партизаните. Од раѓање го викале Миша, а дури по војната, службено го добил името Александар, и затоа денеска во шега вели дека Миша му е партизанско име.
ТАМУ Е ТВОЈОТ ТАТКО
„Не се сеќавам премногу на таа 1946 година. Само паметам некои слики. Знам дека ме ишишаа целосно, дека страшно повраќав во авионот на пат за Белград и дека на аеродром ми покажаа во далечина голема група на луѓе и ми рекоа – Таму е твојот тато. Подона дознав дека стариот случајно баш во тоа време долетал од Москва. Затоа не го видов на аеродромот, туку нешто подоцна, на Дедиње.
СО ДЕНОВИ МУ СЕ ОБРАЌАЛ СО „СЛУШАЈ ТИ“
„Ме донесоа во кабинетот, ми го покажаа Тито, а јас му рапортирав дека сум пристигнал, како што ме научија. Тогаш го видов прв пат и не можев да се навикнам да го викам тато. Со денови му се обраќав со – Слушај ти -“, раскажува Мишо.
„Навикнав на луѓето кои ме криеја кога го викав тато. Така мораше да биде. Подоцна престанав со „Слушај ти“.
Од ослободувањето, Миша Броз не пропуштил да му честита роденден на неговиот татко. Но, од многуте прослави на 25 мај, два му останале во најголемо сеќавање.
„Пред речиси дваесет години, меѓу останатите, во Белиот двор пристигнаа претставници од Друштвото Партизан. Му предолжија на Тито да ме зачленат. – Важи, договорено -, одговорил Тито, – но членарината директно ќе ви ја пратам, за да Миша не ја потроши -, шеговито одговори Тито. Тоа беше шега, а јас го сватив сериозно. Бев тажен го прашав дали тој навистина нема доверба во мене, дека парите за членарина нема да му ги дадам на благајникот на Партизан“, се присетува Мишо.
„Вториот роденден кој го паметам беше во 1967 година. Бев во школо за резервни офицери во Задр. До последниот момент не знаев дали ќе ме пуштат на 25 мај да дојдам во Белград. А потоа добив дозвола и допатував во униформа. бев горд. Ја замислував нашата средба. Но, тој ден Тито не беше во својата униформа, туку во цивилна облека“, раскажува синот на Тито.
„Пред 15 години, кога одлучив да се оженам, имав 23 години, а знаев дека многумина сметаат дека тоа за мажите се премалку години за брак. Затоа со денови размислував во својата намера како да му кажам на стариот. Се плашев да не биде против. На крајот се одлучив, ги затворив очите и едно утро му кажав – Имам намера да се оженам -“, раскажува Мишо.
„Доволно си стар и мислам дека знаеш што правиш. Самиот одлучи“, му одговорил Тито.
„Бев несреќен и горд поради неговата доверба“, завршил Мишо.