(Фото) Берта Додевска во прегратка на Чолиќ

Водителката Берта Додевска на својот фејсбук-профил објави заедничка фотографија со српскиот пејач Здравко Чолиќ за да му го честита 67. роденден. На фотографијата Берта го гушка Чолиќ, па напиша „Што се 67 години за ваков дечко?“

Сликата Берта првпат ја објавила во 2014 година со коментар „Ако сме кај вистинските балкански музички ѕвезди, Здравко Чолиќ е за мене… тој е сè уште глас!“.

Чолиќ е роден на 30 мај 1951 година во Сараево. Има снимено голем број песни и албуми, а многумина го имаат опишано како српскиот Том Џонс.

 

 

 

Scroll to Top