Хана, ќерката на Тамара Тодевска, запеа на промоцијата на „ДНК“. Таа се качи на бината на која Лила Стојановска ја водеше промоцијата, го зеде микрофонот и запеа по свое пред сите гости. И Тамара се пофали дека Хана е музикална и дека тргнала по нејзините стапки, па и таа ја сподели сликата од настапот на својот инстаграм-профил.
Пејачката од пријателите и следбениците на „Инстаграм“ доби многу лајкови и бројни коментари дека Хана го наследила семејниот музички ген.
Тамара неодамна објави дека е бремена вторпат и дека со сопругот Александар се пресреќни што Хана ќе добие брат или сестра.