Итната помош се обидела со реанимација на Синан Сакиќ, но безуспешно

Смртта на Синан Сакиќ ги погоди речиси сите луѓе на Балканот и пошироко, а особено оние кои го познаваа легендарниот уметник.

Комшиите кои се нашле на лице место кога се случила несреќата даваа изјави дека бил прекрасен комшија и човек и голем умтеник. Исто така изјавиле дека итната помош се обидела брзо да интервенира, но безуспешно.

„Итната помош пристигна да го реанимира Синан, но не успеаа. Тој беше добар комшија и човек и прекрасен уметник“, изјавила комшиката на Синан, Слободанка Обрадовиќ.

Синан и неговото семејство самостојно го финансирале реновирањето на зградата во која живееле, а од комшиите не побарале никаква надокнада.

 

Scroll to Top