„Терминал“ и „Идниот свет“ наскоро во кино салите

Возбудливата летна филмска сезона почнува наскоро, а пред публиката ќе се најдат оригинални и интересни остварувања, меѓу кои и новиот филм на Џејмс Франко и Брус Тијериј Чеунг, Идниот свет“, научнофантастичната акција со неверојатната актерска екипа, како и филмот „Терминал“ во режија на Вон Стајн, со Марко Роби во главната улога.

Овој пат Џејмс Франко кој е во улога на актер-режисер, не води во апокалиптична ситуација. Неговото режисерско деби беше минатогодишниот филм „The Disaster Artist“, додека овој проект е целосно поинаков и во прашање е класичен авантуристички филм со заплет.

Во постапокалиптичниот свет, во кој одамна нема вода и бензин, принцот од оазата тргнува во потрага за лек за неговата болна кралица, но на тој пат, ќе му се спротивстави господарот на војната и неговиот робот Аш. Франко е една од ѕвездите во овој филм, а ќе го толкува полудениот пустински класичен негативец од филмовите на Лудиот Макс. Покрај него, во филмот глумат и Мила Јововиќ, Луси Лу, Суки Вотерхаус и раперите Снуп Дог и Метод Мен.

Режисерсиот првенец на Вон Стајн, филмот „Терминал“, носи приказна за двајца платени убици кои превземаат ризична работа за богат, анонимен клиент. Тие ја запознаваат фаталната жена Ени, поради која нивните планови ќе бидат предодредени да се променат.

Заедно со Марго Роби, во филмот глупат и Макс Ајронс, Мајк Мајерс и Сајмон Пег, а глумицата е подготвена да покаже нов аспект од својот талент. Се чини дека нејзиниот лик во филмот „Терминал“ е сличен како и на Харли Квин во филмот „Одред на отпишани“, но можеби оваа психотична и фатална убавица може да изненади со нешто повеќе.

 

Scroll to Top