Антонио Бандерас (57) денеска важи за еден од најмаркантните мажи на планетата. По разводот од актерката Мелани Грифит, познатиот актер започнал врска со убавата Никол Кимпел, која е 20 години помлада од него.
Никол и Антонио уживаат во својата љубов, а нивните Инстаграм профили се полни со нивни заеднички фотографии.
Често патуваат заедно и може да се видат на различни настани.
Популарната двојка, минатата година беше во посета на Рим.