Овен
Јавете се на некој пријател што поради обврските не сте го виделе одамна. Неделата започнете ја со многу дружба и прошетки, ќе ви годи. Потребен ви е сон, затоа одвојте време и за одмор. Здравјето е добро, но можни се болки во грбот.
Бик
Ќе се појави некоја нова личност во вашиот живот што ќе ви ги обземе мислите. Не двоумете се, преземете го првиот чекор. Доколку не се чувствувате најдобро посетете доктор, можна е појава на алергија.
Близнаци
Неделата ќе ви започне со добри вести. Можно е да отпатувате некаде со партнерот. Искористете ги тие мигови да ги наполните батериите за работните обврски кои ви останале. Внимавајте на здравјето, можна е мала настинка.
Рак
Неделата започнете ја со позитивни мисли за да ви се случуваат убави работи. Вашиот љубовен живот не е многу активен, затоа преземете нешто. За да се чувствувате убаво во својата кожа оваа недела посветете ја на фитнесот.
Лав
Доколку досега не сте го испланирале годишниот одмор, време е да почнете со подготовки. Тоа ќе ви го зголеми и доброто расположение. Внимавајте со кој ги делите своите тајни, не секој ви мисли добро.
Девица
Партнерот ќе се чувствува запоставено. Време е да му го посветите сето внимание нему, изненадете го и веднаш тој ќе ви возврати. Започнете ги плановите за годишниот одмор. Здравјето е добро, но потребни се рутински прегледи.
Вага
Неделата ќе ви започне многу убаво. Ќе се чувствувате сѐ позаљубено и позаљубено, вашиот партнер покрај вас ќе биде на седмо небо. Доколку ја запоставите работата не грижете се, сепак сѐ ќе завршите во временските рокови.
Скорпија
Пријателите ќе сакаат да ви укажат на некои грешки што ги правите. Не лутете им се туку послушајте ги нивните совети. Добронамерните совети што ќе почнете да ги применувате ќе ви отворат многу нови врати во животот и во работата.
Стрелец
Доколку некој ваш пријател се најде во неволја, помогнете му, па дури и само со совет. Можни се мали расправии со партнерот, но со разговор сѐ се решава. Посветете време и на вашиот дома направете некоја промена или летно освежување.
Јарец
Започнете ја неделата со шопинг. Долгите ноќни прошетки можат да започнат. Поканете некоја личност од спротивниот пол на прошетка, ќе сфатите дека имате многу слични размислувања и дека потполно си одговарате со карактерите.
Водолија
Доколку потполно се посветите на работните обврски можен е напредок во кариерата. Со тоа ќе се зголеми вашето его. Вашиот партнер ќе има потреба да поминува повеќе време сам, не лутете се оставете простор и за дружба со пријателите.
Риби
Работните обврски не можат да чекаат, посветете им се потполно и ќе добиете добри резултати. Можно е и покачување на платата како награда за одлично извршените обврски. Поради големите обврски на работното место ќе го запоставите социјалниот живот.