(Видео) Американски амбасадор се капел во ледена вода како Путин

Американскиот амбасадор во Русија, Џон Хантсман, објаснил дека на Водици се капел во ледена вода за да се натпреварува со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Имено, Хантсман се капел во ледена вода во Новоерусалимскиот машки манастир во близина на Москва, а како што изјавил, тоа му овозможило поблиску да се запознае со руската култура.

„Додека влегувате во толку студена вода, вие губите контрола над мускулите и респираторниот систем. Сакав трипати да нурнам затоа што така прави и Путин“, изјавил Џон и додал дека на тој начин сакал да докаже дека е способен да го изведе обичајот на начин на кој прилега.

„Новинарите што пишувале за тоа оцениле дека Американците направиле сѐ како што треба“, изјавил Хантсман.

Путин секоја година учествува во капењето за Водици.

 

 

Scroll to Top