Роверот „Кјуриосити“ открил органска материја на Марс. Станува збор за откритие што би можело да докаже дека на Марс веќе постои живот. Откриените молекули може да ја расветлат можноста за постоење древен живот на Црвената планета, пренесува „Индепендент“.
Роверот од август 2012 година собирал податоци за Марс. Две истражувања откриваат нови детали за тоа дали постои метан на планетата, што би можело да ни помогне да ја сфатиме богатата геологија на планетата. Еден тим направил значителен напредок во нашите обиди да ја сфатиме древната органска материја на Марс. Таа би можела да ни помогне да сфатиме дали светот некогаш бил населен и што му се случило милијарда години потоа. Научниците веќе подолго време немаат одговор за пронајдените откритија, кои се со значителна количина метан на Марс.
На Земјата повеќето метан е производен од биолошки извори, па оттука постои надеж кај научниците дека на Црвената планета постои живот. Новите податоци укажуваат на тоа дека метанот се наоѓа под површината на планетата. Сезонските промени доведуваат до тоа дека метанот излегува и на површината.
МАТЕРИЈАТА НА МАРС Е СЛИЧНА СО ОНАА НА ЗЕМЈАТА
Органските молекули што биле откриени се пронајдени во древна карпа на Марс. Роверот „Кјуриосити“ земал нови примероци и ги загреал, а потоа ги анализирал молекулите во него. Податоците покажуваат дека постои одредена материја на Марс, која е слична на материјата од органските богати карпи на Земјата.
Роверот „Кјуриосити“ се смета за најголемиот и најспособен уред некогаш создаден за истражување на Марс. Оваа машина е со приближна големина на еден автомобил, а има рака долга еден метар, ласер што ги распарчува карпите и носи 10 инструменти, вклучително и 17 камери.