Се вели дека три хороскопски знаци , се најлоши во Зодијакот. За нив се вели дека се себични, мрачни и тврдоглави и не сакаат никој друг освен самите себеси.
Најлошите хороскопски знаци се :
Девица
Тие се невротични и не знаат да љубат. Студени се како камен , без грам емоции во себе, ќе ви забијат нож во грб кога најмалку очекувате, и сето тоа плански и со длабока анализа. Знаат да глумат и често да изневеруваат. Тие не знаат за нежности, немаат контрола врз својот сопствен карактер и верни си остануваат само на себе.
Скорпија
Тие се самодеструктивни, и само се сожалуваат. Не се плашат од смрта и се големи негативци, секогаш замислувајќи си го најлошото сценарио. Љубоморни се и посесивни. Емоционално се незрели, често се лутат , бесни се , лукави и големи злопамтила.
Јарец
Веруваат во судбина , и се студени, тие не знаат за зборот извини. Не знаат да изразуваат емоции, големи се кукавици , на првата препрека ќе избегаат. Бавни се , мрачни и не знаат да уживаат во убавините на животот. Знаат да бидат искомплексирани и затоа подобро држете се на страна од нив.