Домашен лек против летните нстинки

Неприродно високи температури за овој период, освен главоболка и поспаност, донесоа и бројни вирози пропратени со воспаление на синусите, кашлица и целосно опаѓање на имунитетот. Еве како на природен начин ќе го зајакните телото и ќе го направите издржливо на нападите од страна на вируси и бактерии, а истиот лек ќе ви помогне и ако веке сте болни.

 

Состојки:

 

6 лимони

 

1 лук

 

2 лажички ѓумбир во прав

 

2 лажици мед

 

3 филџани сок од ананас

 

¼ лажичка лут пипер

 

Подготовка:

 

Најпрво исцедете ги шесте лимони. Додадете ги во сокот сите останати состојки и смесата добро измиксајте ја со блендер додека не добиете изедначена смеса.

 

Содржината исипете ја во стерилен стаклен сад кој добро се затвара и чувајте ја во фрижидер.

 

Секој ден се пијат по 4 филџани од пијалокот се додека симптомите ги снема.

Scroll to Top