Душко Тошиќ можел да заврши во затвор поради Карлеуша

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша во стилот на светска ѕвезда блесна во финалната вечер на Ѕвездите на Гранд. Карлеуша не крие дека и е криво што оваа сезона завршува, но дека со нетрпение ја очекува новата сезона која вели дека ќе биде нешто невидено на овие простори.

Но, иако ова натпреварување завршило, Карлеуша вели дека интересните моменти во животот допрва стигнуваат, па сега пејачката се подготвува да отпатува на Светското првенство во фудбал, каде ќе го поддржува нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.

„Се подготвувам. Тргнувам на 26 јуни, а ќе ги земам и Атина и ника да го поддржат Душко. Таму ќе прославиме десет години брак, на Црвениот плоштад“, вели Јелена.

Карлеуша одговори на прашањата на новинарите дали се работи за колективен договор на сите жени на фудбалерите да патуваат во Русија за да ги поддржат нивните појаки половини.

„Тоа е натпревар кој ќе се случи во Москва против Бразил. Тоа ќе биде многу силно, многу атрактивно! Москва е многу интересна за гледање, стадионот и градбите“, вели Карлеуша.

Пејачката вели дека е горда на својот сопруг со кого за овие десет години доживеала голем број на подеми и падови, но и дека секој пат тој ја смирувал кога таа ќе сакала да се пресмета со новинарите.

„Душко долго време е репрезентативец и некој со кого многу се гордеам. Се запознавме кога имаше 21 година, и тогаш беше млад репрезентативец. Верував во него. Сметам дека за еден успешен спортист и генерално успешен човек, многу е важна љубовта и поддршката од жената која е покрај него. И во добро и во зло. А имаше многу тешки моменти“, вели Јелена.

„Тешко е да се биде со мене. На пример, ќе отворите некој таблоид или ќе ја погледнете насловната страна и ќе ги видите најстрашните навреди за неговата жена. И сега, тој како маж мора тоа некако да го трпи, а истовремено да се контролира да не му го скрши носот. Тој е спортист. Некогаш ќе каже: „Боже за кого се оженив, добро што досега не завршив во затвор“. Затоа што тој постојано би бил во конфликт со некој поради мене, а јас тоа постојано морам да го држам под контрола. Со мене доживеа голем број на неправди. И во мојата работа и во неговата доживеавме подеми и падови. Затоа нашата љубов е многу силна. Не зближи. Бракот и љубовта не се само она убавото, туку и многуте тешки моменти на зближување“, вели Јелена.

 

 

Scroll to Top