Намирници богати со омега 3 масни киселини
Есенцијалните масни киселини се нужни за основните функции во телото, а тие органски не постојат во телото и затоа важно е да се внесуваат секојдневно. Лососот, туната, маслиновото и ленено масло и авокадото содржат омега 3 масни киселини. Докажано е дека тие им помагаат на луѓето кои сакаат да ослабат со помош на вежби и соодветен начин на исхрана.
Цели житарки
Мит е дека сите јаглени хидрати се непријатели на нашето тело. Рафинираните и преработени житарки треба да се избегнуваат, додека пак целите житарки се богати со протеини, природни влакна и витамин Б кои се важни за нормално варење и добар метаболизам. Тие изобилуваат и со аминокиселини, витамин Ц, но и калциум и магнезиум. Одлични се бидејќи го одржуваат чувството на ситост.
Јаболков оцет
Јаболковата киселина која е главна состојка на јаболковиот оцет е одговорна за брзо разградување на скробот, со што помага во ослободување од вишокот килограми. Истражувањата покажуваат дека редовното конзумирање на јаболков оцет може да го намали индексот на телесна маса, нивото на триглицериди и обемот на струкот. Најдобро е јаболковиот оцет да се конзумира со вода, но и тоа да е домашен јаболков оцет бидејќи го намалува ризикот од желудочни тегоби.
Црно чоколадо
Еден ред на црно чоколадо која содржи 70% чисто какао треба да биде составен дел на секојдневната исхрана. Таа содржи антиоксиданти и полифенолите, кои делуваат на нервниот систем и создаваат чувство на ситост.
Кокосово масло
Кокосовото масло претставува заштитена масна киселина каде доминатна е лауринската киселина која е позната по своите антибактериски и антивирусни својства. Кокосовото масло лесно се разградува, го забрзува варењето, а организмот го користи како брз извор на енергија.