По веста дека Анџелина Џоли може да ги загуби правата на своите деца, се огласи и агентот на актерката.
Според судските документи ѕвездата треба да го преиспита распоредот и ги направи потребните промени за да може поранешниот нејзин сопруг Бред Пит, ги гледа почесто.
„Анџелина само се фокусираше на здравјето и на интересите на децата, па затоа беше важно да се одржи приватна расправа. Штета е што некој успеа да стигне до тајните досиеја на судот и врз основа на нивните себични мотиви да ги направи јавни. Како резултат на тоа, се појави искривена слика која нема никаква врска со реалноста “, изјавил агентот на Џоли.
Претходно стана јасно дека судот завземал страна на Бред Пит, дозволувајќи му на актерот да ги гледа децата во време во кое му одговара.
Психолог во разговор со новинарите објаснил дека наследниците на Џоли и Пит треба да имаат хармоничен однос не само со мајката, туку и со таткото.
Анџелина и Бред имаат вкупно шест деца – три биолошки и три посвоени.