Научници со огромен телескоп успеале случајно да решат тајна стара 22 години. Со телескопот на НАСА во Грин Банкс во западна Вирџинија, се откриле мистериозните радиобранови кои доаѓале до Земјата, преку огромните пространства на нашата галаксија.
Станува збор за ситни дијаманти кои кружат околу далечените штотуку родени ѕвезди. Дваесет години астрономите и астрофизичарите не можеле да објаснат зошто во одредени фреквенции од невидливиот спектар на небото во некои подрачја, светлото е многу посилно, за разлика од останатите делови.
Грин Банкс преку телескопот Компакт ереј во Нов Јужен Велс открила дека микробрановите потекнуваат од еден извор оддалечен околу 500 светлосни години од нас. Тие потекнуваат од облак кој ротирал околу ѕвездите. Во таквиот состав се наоѓала огромна количина на дијамантски кристали.
Кристалите ротирале околу својата оска со брзина од десетина милијарди пати во една секунда. Поголемиот дел од тие микродијаманти се со многу мала големина, па е невозможно да украсите некој прстен или огрлица со истите. Станува збор за големина од милионит дел на милиметарот. Ваквите аномалии за прв пат се забележани во 1996 година.
Астрономот Џејн Грејвс во своите набљудувања на 14 млади ѕвезди, успеала да го забележи моментот на создавање на планетите во ѕвездените системи кои штотуку се формирале.
Таа воочила дека од облакот на една од тие ѕвезди до нас, допираат микробранови бранови. Поради тоа што се покажало дека биле забележани три вакви идентични случаи, тоа било алармот за узбуна.
Станувало збор за ѕвездата V892 Тау, во соѕвездието Бика, HD 97048 и MWC 297 во соѕвездието Камелеон и Змија. Дијамантите биле со димензии помеѓу 0,75 и 1,1 милионити дел од милиметарот.
Постоењето на таквите кристали во вселената астрономите го докажале во април со откривањето на остатокот од меторите кои пред десет години експлодирале над пустината во Судан. Кристалите се пронајдени во остатоците од метеорот кој го пронашле. Покрај ситните димензии, астрономите проценуваат дека сите тие нанодијаманти, кои кружат околу секоја поедина ѕвезда, кога ќе се соберат на едно место, можат да формираат маса голема колку планетата Меркур, односно стотина милијарди милијарди тони.