Потребни состојки:
2 пакувања пишкоти
1 литар млеко
3 пудинга од ванила
250 мл слатка павлака
200 гр крем сирење
6 лажици шеќер
Фил со јагоди:
400 гр јагоди
200 мл вода
5 лажици шеќер
пудинг со вкус на јагода
10 гр желатин (1 кесичка)
Начин на подготовка:
Згответе го пудингот од ванила, а кога ќе се излади додајте во него слатка павлака и изматете. Потоа, додајте крем сирење и матете уште малку. Исечкајте ги јагодите, па во нив додајте 500 мл вода, шеќер по желба, а потоа ставете ги на шпорет да зовријат. Оставете ги на шпорет 2-3 минути.
Изматете го пудингот со 200 милилитри вода, а желатинот потопете го во 5 лажици вода. Можете малку да ги испасирате јагодите како кога пасирате компир, а потоа додајте ги во пудингот и мешајте. Во пудингот додајте стопен желатин. Смесата нема многу да се згусне. Тргнете ја од шпорет и оставете ја да остине 5-10 минути.
На дното од калапот подредете ги пишкотите потопени во млеко. Филувајте ги со половина од белиот (ванила) фил. Оставете ги во фрижидер 10 минути, па прелијте ги со половина од филот од јагода. Ставете ги во фрижидер 10-15 минути, па ставете го остатокот од филот од ванила и врз него филот од јагода.
Оставете ја тортата да отстои во текот на ноќта во фрижидер за убаво да се стегне.