Актерот Крис Прат една година по разделбата со глумицата Ана Ферис има нова девојка. Папазаците го фотографираа Прат со Кетрин, ќерка на филмската ѕвезда Арнолд Шварценегер.
Кетрин е десет години помлада од Крис и таа е писателка на детски книги. Иако не ја потврдуваат врската, американските таблоиди пишуваат дека двојката е заедно неколку месеци и дека ги држат работите во тајност додека да се официјализира разводот на Прат.
38-годишниот Крис во моментов го промовира новото продолжение на филмот „Џурасик парк“, а се подготвува и за снимањето на новиот дел од серијалот „Чувари на галаксијата“.