Фолк-ѕвездата Лепа Брена на свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ дојде облечена во виолетов фустан. На главата таа има мал виолетов шешир со пердуви. Медиумите во Србија напишаа дека Брена за стилот се инспирирала од британското кралско семејство, каде што шапките се задолжителни на свадбите и на важни настани.
На приемот во црквата каде што се венчаа Александра и Филип, таа замина во друштво на синот Стефан, а додека чекаше да почне венчавката беше во друштво на првата жена на Боба, Зорица и мајката на Александра, Борка.