Бразилски милијардер осуден на 30 години затвор

Поранешниот најбогат човек во Бразил Ајк Батиста е осуден на 30 години затвор поради корупција и перење  пари.

Тој е осуден поради давање мито од околу 16,5 милиони долари на некогашниот гувернер на Рио де Жанеиро, Педро Алвареш Кабрал, поради наместени јавни набавки.

Адвокатот на Батиста, Фернандо Мартинс, изјавил дека случајот против неговиот клиент е нејасен и дека ќе вложи жалба, додека судот соопштил дека Батиста нема да ја издржува казната додека трае жалбениот процес.

Процесот против Батиста е дел од истрагата за перење  пари и затскривање на околу 100 милиони долари на сметки во странски банки, од кои, според наводите на Обвинителството  80 милиони му припаѓаат на Кабрала.

Батиста е во затвор од 2017 година, кога бил уапсен поради корупција.

Тој на листата на „Форбс“ бил седмиот најбогат човек во 2012 година, но богатството му се намалило следната година со банкротот на неговата нафтена компанија OGX.

 

Scroll to Top