Доналд Трамп има потреба од десетина конобари и кувари

На имотот Мар-е-Лаго американскиот претседател Доналд Трамо побарал од министерството за труд на САД да дозволи да вратботи странски работници за престојната сезона, која почнува во ноември.

Според тоа барање, Трамп има намера да вработи 40 конобари за плата од 12,68 долари на час и 21 кувар кој ќе ги плаќа 13,31 долар на час.

Менаџерите на клубот во барањето наведуваат дека не можат да пронајдат доволно квалификувани Американци кои би сакале да ја работат оваа дејност.

Агенцијата потсетува дека Трамп ги критикувал американските компании поради вработувањето на странските работници, но ја оправдал праксата на својот клуб со зборовите дека не пријавувал доволен број на заинтересирани локални работници.

Минатата година во клубот биле вработени 70 странски работници со виза Х-2В, кои се издаваат на сезонски, неземјоделски работници.

Многу одморалишта во Палм Бич ја користат оваа визна програма за сезонски работници. Трамп често го посетува Мар-е-Лаго, од ноември до мај.

 

Scroll to Top