Потребно:
720 гр бело брашно
100 гр интегрално пченично брашно
1 сув квасец
1/2 лажичка сол
2 лажици шеќер
150 мл масло
200 мл млако млеко
250-300 мл млака вода
Подготовка
- Сите суви состојки ги ставаме во еден сад во кој ќе ни стасува тестото. Ги додаваме маслото и млекото и замесуваме тесто со млаката вода. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
- Откако ќе стаса, го размесуваме и формираме топчиња со големина по желба.
- Ги оставаме на работната маса да стасаат околу 20-25 минути.
- Повторно ги размесуваме и ги редиме во тавче. Ги оставаме да стасаат околу 15-20 минути, зависи од собната температура.
- Ја вклучуваме рерната кога ќе ги наредиме во тавче.
- Ги печеме во загреана рерна на 220 степени да заруменат
- Откако ќе се испечат, ги премачкуваме со масло додека се топли