Од Загреб полетува најголемиот патнички авион

Мечот на хрватската фудбалска репрезентација во полуфиналето на Светското првенство против Англија, кој ќе се игра денес во Москва, предизвикал голем интерес меѓу навивачите, па „огнените“ се заслужни и за тоа што во Загреб ќе полета најголемиот патнички авион во историјата на Хрватска.

Туристичката агенција што го организира патувањето на хрватските навивачи во Москва, меѓу другите, го закупи и патничкиот авион „боинг 777-300ЕР“, кој од аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб кон Русија ќе полета со 457 навивачи на хрватската репрезентација.

Со тоа овој авион службено ќе стане најголемиот патнички авион што некогаш слетал во Хрватска.

 

Scroll to Top