Роденденската торта била спас за 12-те момчиња на Тајланд

Роденденската торта на едно од децата што славело роденден додека биле заробени во пештерата на северот на Тајланд била спас за животите на неговите другари.

Како што наведуваат децата, тие ги јаделе парчињата торта што некои од нив ги понеле со себе, а другите биле смирени благодарение на медитацијата, која им давала надеж дека ќе бидат пронајдени и спасени.

Напорот на нивниот тренер, чиј прекар бил Аке, е тоа што ги одржувал силни и смирени во текот на 17-те дена поминати во поплавената пештера на Тајланд.

Аке е поранешен будистички монах, кој во пештерата ги учел децата на медитација со цел да се изборат со стресната ситуација.

Командантот на тајландската единица „Фоки“, контраадмиралот Арпакорн Југонгкаев, изјавил дека техниката на медитација Аке ја користел не само за да ги смири момчињата туку и колку е можно помалку да го користат воздухот во пештерата.

 

 

Scroll to Top