Хрватскиот фудбалер Перишиќ одложи венчавка

Неверојатна ситуација му се случила на хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ, кој оваа сабота требало да биде кум на венчавката на својот најдобар пријател Фране Јурчевиќ.

.. 🚤👌🏼😎🏐 .. #TheCrew

A post shared by Ivan Perišić (@ivanperisic444) on

Но, наместо Иван да дојде на неговата венчавка, пријателот ќе дојде на мечот во Москва затоа што Хрватска е во финалето на Светското првенство.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Иван уште претходно му рекол на својот пријател дека има чувство оти Хрватска далеку ќе стигне на ова првенство и го предупредил дека денот на венчавката може да биде во Русија.

По сите случувања, Фране одлучил да се ожени неколку дена по финалето, попрецизно – в четврток.

 

Scroll to Top