Двајца американски филмски продуценти биле на Тајланд додека траела акцијата за спасување на момчињата кои 18 дена беа заробени во пештерата, пишува „Би-би-си“.
Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата Пјур-Фликс веќе разговарале за можен филмски проект и сакаат филмот да се сними што поскоро. Прашани дали нивниот потег е невкусен, особено што им пристапиле на семејствата на момчињата додека тие биле во пештерата, Смит за „Би-би-си“ рекол дека очекува да дојдат и други продукциски куќи, па затоа мора да бидат брзи.