Холивуд ќе снима филм за спасувањето на момчињата од пештерата

Двајца американски филмски продуценти биле на Тајланд додека траела акцијата за спасување на момчињата кои  18 дена беа заробени во пештерата, пишува „Би-би-си“.

Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата Пјур-Фликс веќе разговарале за можен филмски проект и сакаат филмот да се сними што поскоро. Прашани дали нивниот потег е невкусен, особено што им пристапиле на семејствата на момчињата додека тие биле во пештерата, Смит за „Би-би-си“ рекол дека очекува да дојдат и други продукциски куќи, па затоа мора да бидат брзи.

Scroll to Top