Потребни состојки:
125 гр црвена леќа
1 мала главица кромид
1 морков
1/2 тиквичка
3 чешниња лук
1/2 лажичка печиво
1/2 лажичка ким
1 лажица сечкан магдонос
1 лажиче куркума
по потреба лебни трошки, маслиново масло, сол, црн пипер
Начин на подготовка:
Ставете ја леќата во ладна вода да стои преку ноќ. Пред да ја приготвите, измијте ја и убаво исцедете ја. Во сечко ставете ги леќата, кромидот и кимот. Кога ќе ги исечкате, префрлете ги во длабок сад. Во тава на оган ставете масло да се загрее. Додајте ги ренданите тиквичка и морков и сечканото лукче. Кратко пропржете само колку да омекнат малку. Оставете да се подолади, а потоа додајте ги во садот со леќата. Додајте ги печивото, куркумата и магдоносот. Промешајте, па постепено додавајте лебни трошки за да добиете смеса од која ќе може да се оформат плескавиците.
Со намрсени раце земајте од смесата и формирајте ги плескавиците. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Пемачкајте ги со маслиново масло. Печете на 200 степени 15-20 минути.