Италијанскиот милионер Џанлука Ваки, ова лето ужива со триесет години помладата манекенка Фонсека.
Педесет годишниот Италијанец времето воглавно го минува на луксузни дестинации низ светот.
Последната во низа девојки со кој се забавува е 23 годишната манекенка Фонсека од Венецуела. Во моментов се наоѓаат на луксузна јахта која плови низ Шпанија. Дестинациите ги менуваат од ден во ден, а фотографиите ги споделува со своите обожаватели на социјалните мрежи каде го следат повеќе од 11 милиони луѓе.
Џанлука е милионер со бројни деловни успеси зад себе. Акционер е во мултинационалните компании IMA S.p.A. Interactive Groupa, it:Tesmeca, FIN Vacchi Finanziaria Italiane, vlasnik je First Investments SpA, а основач е и на популарниот бренд Тoy Watch кој го носи дури и Мишел Обама. Неговите најдобри пријатели се фудбалерите Марко Бориело и Бобо Виери, пејачот Луис Фонси и многу други.
Џанлука работи и како диџеј во елитни дискоклубови.
Во неколку наврати се зборуваше за неговиот банкрот, но судејќи според видеото, далеку е од таква ситуација.