Колач со фил од сирење

Пред да одлучите да го направите овој колач ќе ви откриеме мала тајна, а тоа е дека нашиот колач наликува на познатата американска торта со сирење – чизкејк!

Потребни состојки за тестото:

3 Јајца
180 гр Шеќер
3-4 Лажици вода
180 гр Пченично брашно
Едно пециво

Потребни состојки за филот:

600 гр Свежо кравјо сирење
400 мл Слатка павлака
4 Лажици шеќер во прав
Кора од лимон

Подготовка:

1. Измешајте ги жолчките и шеќерната пена и наизменично додајте ги водата и брашното помешани со прашок за пециво и на крај шлагот од белките.

2. Печете го бисквитот во претходно подмачкана тава (големина 30 × 20 см) за 15-20 минути на 180 °С.

3. Подготовка на филот од сирење: Свежото кравјо сирење испасирајте го и додадете ја ренданата кора од лимон, па полека помешајте ги со шлагот во кој се става и шеќерот во прав.

4. Исечете го веќе оладениот бисквит на половина и премачкајте со филот од сирење. Од горе ставете шеќер во прав.

Сервирање:

Служете го колачот исечен на парчиња коцки.

Scroll to Top