Англискиот актер Орландо Блум (41) ги собра колегите од трилогијата „Господарот на прстените“. Средбата е 15 години по снимањето на последниот филм.
Актерот објави селфи со Јан Макелен (79), познат и како волшебникот Гандалф, и Адам Браун (38), кој го играше џуџето Ори.
„Виленик, волшебник и џуџе влегуваат во бар. Тоа е добар почеток за приказна“, се пошегува Блум под фотографијата.
„Ве сакам Гандалф и Леголас, се надевам нема некоја орка (измисленото суштество од трилогијата) во околината“, се пошегува еден твитерџија.
Орландо на почетокот на месецот беше во друштво и со Лив Тајлер (41), актерката што исто така беше дел од „Господарот на прстените“. Тајлер беше поддршка за актерот на претставата Кiller Joe во лондонскиот тетатар Trafalgar Studios.
„Само неколку виленици и кученца“, напиша Блум на фотографијата.
Блум деновиве се смири со пејачката Кети Пери (33). Двојката беше заедно во посета на папата Франциско (81).
„Повторно се заедно. Кети сака работите овој пат да функционираат како што треба. Нивната врска одлучија да не ја изложуваат премногу во јавноста и да се насочат на подобрување на сето тоа што претходно не функционира“, вели пријател на Пери.
Блум од бракот со моделот Миранда Кер (35) го има синот Флин Кристофер (7).