Внукот на Грегори Пек ќе го глуми Спок во „Ѕвездени патеки“

Итан Пек, внукот на холивудската легенда Грегори Пек, ќе го глуми Спок во втората сезона на „Ѕвездени патеки: Дискавери“. 32-годишниот Итан ќе биде третиот глумец што ќе го глуми Спок, по Леонард Нимој и Закари Кинто.

„Низ 52те години од постоењето на франшизата, Спок останува единствениот член на оригиналниот екипаж кој се протега низ сите ери на ‘Ѕвездени патеки’. Со месеци баравме актер кој како Лирој или Кинто би му дал сопствен белег на ликот и ќе ги отелотвори неговите најголеми квалитети: емпатија, интуиција, сочувство, копнеж и конфузија. Пек е свесен за предизвикот со кој треба да се соочи“, изјави авторот на серијата, Алекс Курцман.

„Ѕвездени патеки: Дискавери“ се случува пред оригиналната серија и Спок тука сѐ уште е главен научен офицер под водство на капетанот Кристофер Пајк (Енсон Маунт). Спок има врски со бродот „Дискавери“, преку татка си Сарек (Џејмс Фрејн) и посвоената сестра (Сонека Мартин-Грин).

Втората сезона на серијата ќе има премиера во почетокот на 2019 година.

Scroll to Top