(Видео) Влакнесто суштество без очи излезе од морето во Русија

На источниот брег на Русија, близу селото Пакахачи, морето исфрли влакнесто суштество, пишува „Сајберијан тајмс“. Суштеството има долга опашка и е прекриено со крзно, наводно е големо колку тројца луѓе, но нема видлива глава, ниту очи.

Граѓаните кои го нашле сметаат дека се работи за некој изумрен вид кој заостанал во длабочините на морето или за труп на влакнест мамут кој испливал по топењето на мразот. Научниците, пак, мислат дека се работи за дел од кит.

Светлана Даденко, сведок на овој настан, за „Сајберијан тајмс“ тврди дека ја изненадил фактот што животното е цело во крзно.

„Дали е тоа некое древно суштество? Се надевам дека научниците ќе ни ја објаснат оваа енигма. Изгледа како влакнест октопод. Баш е чудно“, рекла таа.

Своја теорија има и рускиот морски биолог Сергеј Корнев.

„Мислам дека се работи за дел од кит. Под влијание на морето, времето и разните животни, китовите често попримаат бизарни облици. Ова е само дел од китот, а не целото животно“, рекол тој.

Scroll to Top