По вчерашните објавени фотографии со голата Северина, кои брзо се раширија на интернет, рамнодушен не остана ниту нејзиниот сопруг Игор Којиќ. Синот на Кеба објави пост со хаштаг посветен на поранешниот сопруг на пејачката, Милан Поповиќ.
Игор Којиќ објави фотографија од него и синот на Северина.
„Драги мои. Гледајте своето време да го минете со своите најмили во среќа, токму како на оваа фотографија на која монтажата и другите техники не ѝ можат ништо“, напиша Игор под фотографијата и додал хаштаг #prayformilanbrain, алудирајќи на поранешниот сопруг на пејачката.
Вчера Северина се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи излегоа фотографии од неа како гола позира на кревет. Нејзиниот менаџер го обвини Милан, кој по изгубените судски спорови решил на секој можен начин да наштети на имиџот на пејачката.