Меган Маркл и принцот Хари нема да имаат старателство над своите деца. Немаат ни војводата и војвотката од Кембриџ над своите деца. Старателство над Џорџ, Шарлот и Луис законски има 92-годишната британска кралица Елизабета Втора.
„Кралицата има легално старателство над малолетните внуци“, вели експертот за кралското семејство Марлин Коинг за news.com.au.
„Законот важи уште од времето на кралот Џорџ, кој владеел пред 300 години. Тој бил принуден да го донесе овој закон поради лошиот однос што го имал со својот син, кралот Џорџ Втори“, вели Коинг.
Законот, кој е донесен пред 300 години, во 1717 година, е донесен од страна на 10 од вкупно 12 судии. Тие одлучиле за надзорно право на кралот над внуците и правнуците, а тоа право му припаѓа на кралот и за време на живење на таткото на децата.
Марлен има напишано две книги за историјата на британското кралско семејство. Има напишано бројни текстови и вели дека законот повторно е усвоен уште еднаш во 1772 година, кога на власт бил кралот Џорџ Трети. Од тогаш никогаш не бил променет.
Законот за старателството сè уште е актуелен, а во последните неколку децении влијаел на начинот на кој членовите на кралското семејство ги одгледуваат децата, особено кога станува збор за патувањата и едукацијата.
„Кога принцовите Хари и Вилијам биле мали принцот Чарлс ја прашал кралицата дали децата можат да летаат со авион до Шкотска. Кралицата не дозволила. Технички требаше да добијат дозвола за патување. Кралицата го има последниот збор кога станува збор за таквите родителски одлуки“, дополни Коинг.
Во случај на смрт на кралицата, старателството над Џорџ, Шарлот и Луис, или кој било друг внук во палатата, ќе биде пренесено на нивниот дедо, принцот Чарлс, кој во тој случај би бил крал.
Ситуацијата ќе биде иста и со идните деца на војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл. За среќа, Коинг вели дека во кралското семејство не паничат од овој закон затоа што принцот Чарлс има голема почит кон своите синови и начинот на кој Вилијам се снаоѓа како родител.
„Принцот Чарлс го разбира Вилијам дека сака неговите деца да ги одгледа приватно, подалеку од очите на јавноста. Единствената работа што тој би ја барал се само повеќе фотографии со внуците“, вели Коинг.