Слабејте со јаболков оцет

Јаболковиот оцет помага при слабеењето, велат нутриционистите. Се верува дека консумирањето по една лажица јаболков оцет наутро му помага на телото подобро да се справи со шеќерот во крвта и прави подолго време да се чувствувате сити. Јаболковиот оцет се прави од ферментиран јаболков сок. Во него остануваат природните бактерии и токму тие помагаат во слабеењето.

Кога консумирате јаболков оцет, најдобро е да го растворите во вода. Немојте да го консумирате пред вежбање бидејќи може да ви предизвика киселини. Ако не сакате да го пиете со вода, ставајте го во салати наместо алкохолен оцет, советуваат експертите. Јаболковиот оцет помага во контролирањето на телесната тежина и може да го намали апетитот.

Едно истражување спроведено во Јапонија во 2009 година открило дека оцетната киселина помага во слабеењето. Испитаниците биле поделени во три групи – првата група консумирала 1 лажица јаболков оцет, втората 2, а третата била плацебо група и не консумирала јаболков оцет. Испитаниците не смееле да пијат алкохолот, но да продолжат со животот како дотогаш. По 12 недели, испитаниците кои консумирале оцет успеале да изгубат по некој килограм. Исто така, тие имале пониско ниво на триглицериди.

Друго истражување покажало дека оцетната киселина во оцетот им помогнала на пациентите со дијабетес тип 2 да го подобрат нивото на инсулин и шеќер во крвта. Истражувањето направено на стаорци открило дека оцетната киселина го намалува нивото на шеќер со тоа што го симулира црниот дроб да го отстранува шеќерот во крвта.

 

Scroll to Top