Ед Ширан призна дека тајно се оженил со својата девојка Чери Саборн. Во интервју за британски весник, тој рекол дека е тешко да се чува таква тајна, но одбил да открие повеќе детали за венчавката.
„Сакам мојот приватен живот да биде мој. Некои работи е најдобро да се држат во тајност“, додал во интервјуто.
27-годишниот музичар и Чери се запознале во средно училиште, кога почнала нивната врска. Се свршија на 31 декември лани, а пејачот потоа ги сподели вестите на неговиот инстаграм-профил. Иако уште во февруари светските медиуми објавија слики на кои Ширан носи сребрен прстен, тој тогаш демантираше дека се оженил.
„Ова е само веренички прстен“, рече тогаш пејачот.