Раперот Канје Вест на сопругата Ким Кардашијан ѝ купил џип „мерцедес“ што го платил 200 000 долари. Подарокот бил изненадување за ѕвездата на реалното шоу „Кардашијанс“. Ким веднаш сподели видео од џипот Mercedes-Benz G550 SUV на својот инстаграм-профил. „Кога бевме во Мајами постојано зборував колку ми се допаѓа џипот, преубаво изненадување“, вели Ким во видеото.
https://www.instagram.com/p/Bm6O_HcFUzK/?taken-by=kimkardashiansnap
Ист таков џип, но во портокалова боја, претходно купила нејзината помала сестра Кајли Џенер.