Бугарската ѕвезда Азис е голем обожавател на музиката на српската пејачка Драгана Мирковиќ.
Контроверзниот пејач се снимал во својот двор на брегот покрај Црното Море додека пече пиперки на скара, а во заднина се слуша песната „Кад би знао како чезнем“.
„Тоа е живот! Српска музика и печење пиперка“, напишал Азис на објавеното видео.