Граѓаните на Њујорк беа нападнати од рој пчели. Полицијата беше принудена да затвори дел од улиците во центарот на американскиот град. Околу 40.000 пчели првин ги преплавија штандовите на кои се продаваше хот-дог, а потоа и минувачите што се најдоа во близина на Тајмс сквер.
Службите во јавноста излегоа со соопштение дека инсектите веројатно биле сместени во кошница на покривот на висококатницата во Менхетн и поради големите горештини, спасот го побарале на улиците.
Оваа необична слика привлече големо внимание кај минувачите, кои во тоа време се затекоа во нивна близина, пренесува „Индипендент“.
На самото место се појавија службите, кои со заштитни костими и посебни уреди што лишат на правосмукалки, во рок од еден час пчелите ги изнесоа надвор од островот Лонг Ајленд.