Американскиот безбол-играч Алекс Родригез не крие дека го возбудува телото на неговата девојка, пејачката Џенифер Лопез. Вели дека го обожава нејзиното тело и постојано објавува фотографии од неа на социјалните мрежи.
Пејачката во последно време доста време поминува во вежбалници, каде се обидува да ја задржи совршената форма. Џеј Ло во меѓувреме сподели фотографии од неа и нејзиниот тим од танчерки, во пресрет на концертот што треба да го одржи во Лас Вегас.
„Јас и девјоките сме подготвени за првиот од 15-те настапи во Вегас“, напишала 49-годишната пејачка.
Лопез беше облечена во шарени хеланки, кои во последно време ѝ се омилени, кажуваат нејзини блиски пријателки.