(Видео) Меган Маркл се посрамоти пред принцот Хари

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, се најде во незгодна ситуација за време на посетата на екипата на мјузиклот „Хамилтон“ во Лондон.

Поранешната американска актерка случајно откри како го вика својот сопруг, принцот Хари, во моментите кога се сами.

„Гледаш ли љубов моја“, го праша Меган својот сопруг Хари, по што следела реакција на воодушевување и смеа кај присутните.

Меган се насмеа, но продолжи да се поздравува и фотографира со момците и девојките од мјузиклот „Хамилтон“. Сепак, на нејзиното лице можеше да се забележи блага непријатност и вознемиреност.

 

Scroll to Top