Македонската пејака Ребека денес слави роденден. Претседателката на Здружението за деца со посебни потреби „Дајте ни крилја“, полни 47 години. Среќна дека денес е нејзниот ден, вели дека посакува секој ден да е ваков, исполнет со љубов и желби. Ни раскажа за роденденската прослава.
„Роденденот го прославив и за мене и за децета. Нарачав торта и отидовме во игротека. Со децата. Тие сакаа така. А, мама е среќна кога тие се среќни. Кога станаа сабајле ми велат: ‘Мамо, во која игротека ќе славиш роденден’“, раскажа за “Репортер“ Ребека Јанковска-Ристески.
Таа вели дека сега, откако поминала игротеката, денот ќе тече како и секој друг ден, но дека вечерта таа и сопругот Мики сами ќе прослават.
„Вечер сме сами со Мики, ама ако дојде некој, тука сме за да славиме“, додава Ребека.
Ребека е мајка на три деца. Изминативе години музиката ја замени со хуманитарна мисија, па целото нејзино внимание е свртено кон подобрување на условите и поддршка на децата со посебни потреби. (А.Г.)