Топ намирници што го забавуваат стареењето

Некои експерти сметаат дека потрагата по вечна младост може да ве одведе до овошјето, зеленчукот, зелениот чај и другата храна што е богата со антиоксиданси и состојки кои потенцијално може да го забават процесот на стареење и да го продолжат животот.

Можеби брчките на лицето се прв знак дека почнал процесот на стареење, но со текот на годините доаѓа до намалување на меморијата, намалување на мозочната функција, зголемен ризик од хронични заболувања, како што се срцевите болести, остеопорозата и карциномот.

Па, како да се заштитиме? Со примена на здрави животни навики што вклучуваат редовна физичка активност, доволно одмор и сон, консумирање здрава храна може да се подобри здравјето и во подоцнежните години

Антиоксидансите се клуч за младоста

Одредени намирници содржат фитонутриенти, за кои се верува дека се клучот за долговечноста. Фитонутриентите, кои се членови на фамилијата антиоксиданси, се борат со слободните радикали, кои се едни од причинителите на болестите на срцето, карциноми, остеопороза и Алцхајмерова болест.

Како што организмот старее така стануваме осетливи од долготрајните ефекти на оксидативниот стрес (состојба кога во организмот има премногу слободни радикали) и воспаленија на ниво на клетката. Така почнуваат сите проблеми поврзани со стареењето.

Л-карнозин е моќен антиоксиданс кој се смета за еликсир на младоста Л-карнозин е дипептид кој го сочинуваат две аминокиселини, хистидин и бета аланин. Количината на Л-карнозинот во организмот е многу поголема во детството отколку во поодминати години. Природно се јавува во високи концентрации во кожата, мускулите и
нервните ткива и неговите нивоа се намалуваат со годините. Се препорачува за:

– здраво стареење и заштита на клетките
– заштита на мозокот, срцето и мускулите
– тој е моќен антиоксиданс и ги елиминира слободните радикали.
– Важност на карнозинот

Последните години зголемен е интересот за својствата на карнозинот, кој се смета за супстанца на долговечноста и се препорачува за сите возрасти, посебно за луѓе над 40 години. Научните истражувања покажаа дека карнозинот има неверојатна способност да ги подмлади клетките, да ги врати нивните карактеристики и да им го продолжи животот.

 

Scroll to Top