Првата дама на САД, Меланија Трамп (48), за пречекот на првата двојка од Полска во Белата куќа се одлучи за чиста елеганција по која е препознатлива. Облечена во капут на брендот „Гучи“ и црни салонки, Меланија изгледаше беспрекорно за првата дама на Полска, Агата Дуда (46), која се обиде да ѝ парира со црни пантолони во комбинација со црн топ, бело сако и црни салонки. Оваа комбинација на Меланија чини 4 илјади долари.