НАСА откри две нови планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, по пет месеци по неговото лаансирање од Земјата, откри две планети надвор од Сончевиот систем. Станува збор за „суперземја“ и „жешка Земја“, планети кои се наоѓаат 65 светлосни години оддалечени од Земјата.

Ова е прво откритие на сателитот по неговото лансирање во април годинава од Флорида. Научникот Сара Сигер наведува дека на планетите е невозможно да биде откриен живот, затоа што температурите се превисоки. С

Сателитот ТЕШ ги откри планетите „суперземја“ и „жешка Земја“. Двете се наоѓаат во соларниот систем и се 49 светлосни години оддалечени од Земјата. Ова е прво откритите на сателитот по неговото лансирање кое се случи во април.

„Мораме да почекаме да видиме што ново сателитот ќе открие. Знаеме дека постојат планети расфрлани на небото, кои само чекаат да бидат пронајдени“, вели таа.

Мисијата на сателитот ТЕШ ќе трае две години, а ќе чини 337 милиони долари. Целта е да го прошири знаењето на астрономите за таканаречените егзопланети кои кружат околу далечните ѕвезди.

Сателитот ТЕШ ја продолжува работата на својот претходник, вселенскиот телескоп Кеплер, кој открил 3700 егзопланети во последните 20 години, пред да остане без гориво.

НАСА очекува дека ќе пронајде илјадници досега непознати светови, а можеби и стотина планети со големина на Земјата или двојно поголеми од неа.

Сателитот идентификуваше и најмалку 73 ѕвезди околу кои можеби кружат егзопланетите.

Scroll to Top